|
Услови и правила нa Империја Онлајн
Адреса: Империја Онлајн АД ДДВ №: BG205098993
Infinity Tower бул. „Бугарија” 69, спрат 16 Софија, 1404 Бугарија
Контакт: Имејл: support_mk@imperialsupport.org Телефон : +359 24 233 244, Не е за помош во играта
Услови за користење
1. Предмет на Условите за користење, метод на нивна примена
1.1 Правилата кои следат подолу, ја управуваат употребата на онлајн игрите и другите услуги обезбедени од „Империја Онлајн АД” или нејзините веб-страни. Со регистрирање или најавување на страните на порталот на „Империја Онлајн АД”, корисниците влегуваат во овој кориснички договор со „Империја Онлајн АД” за сите нејзини онлајн игри.
1.2 Овие Услови за користење потполно ги заменуваат сите претходни верзии на Услови за користење на „Империја Онлајн АД”.
1.3 „Империја Онлајн АД” обезбедува онлајн игри и други услуги, предмет на нивната дејност со ефективност не помалку од 98%, не вклучувајќи ги во таа ефективност периодите во кои користењето на онлајн игрите и другите услуги е прекинато или ограничено поради технички причини или како резултат на потребно одржување, за коишто „Империја Онлајн АД” не е носи одговорност според овие Услови за користење.
1.4 „Империја Онлајн АД” редовно ги разработува, подобрува и приспособува своите онлајн игри и други услуги. Соодветно со тоа, корисниците можат да учествуваат во онлајн игрите и услугите во нивните најсовремени верзии.
1.5 Игрите и услугите, понудени од „Империја Онлајн АД”, се предвидени само за забавни цели и не може да бидат употребувани за финансиска награда или комерцијални цели.
1.6 Одговорност на корисникот е да обезбеди компатибилност на користениот софтвер или хардвер.
1.7 Во дополнение на овие Услови за користење, правилата за онлајн игрите важат, ако има такви. Ако во таа смисла, овие Услови за користење влегуваат во конфликт со правилата на игра, важат правилата наведени овде. Одделни онлајн игри, вклучително и варијации и/или компоненти, како и посебни услуги на веб-страните на „Империја Онлајн АД” се објект на специјални правила кои на корисниците им се објаснети пред нивното користење.
1.8 За одредени онлајн игри и услуги, корисниците имаат опција да ги искористат предностите на понудените услуги од партнерите на „Империја Онлајн АД”. Во овој случај, се влегува во посебни договори помеѓу корисниците и партнерите на „Империја Онлајн АД”, за коишто корисникот претходно е известен на соодветен начин.
1.9 Спороведувањето на кориснички правила и услови кои отстапуваат од овие Услови за користење е предмет на претходно писмено одобрување од „Империја Онлајн АД”.
2. Заклучен дел
2.1 За да би користеле онлајн игри и други услуги понудени од „Империја Онлајн АД”, корисниците мора да се регистрираат.
2.2 Регистрација е дозволена само за индивидуални лица (не на групи, партнери, правни лица итн.) и само тие се признаваат како корисници. Корисниците кои се малолетни, треба да се регистрираат со согласност од своите родители или легални старатели.
2.3 При регистрација, корисниците мора да обезбедат име на играч и адреса на имејл регистриран на нив. Имињата на играчите не треба да ги нарушуваат авторските права на трети страни или да имаат навредлива содржина. Адреси на имејл или URL не може да бидат употребувани како имиња на играч. Корисниците се одговорни информацијата којашто ја претставуваат при регистрација во „Империја Онлајн АД”, да е точна и потполна.
2.4 Корисниците мора да се регистрираат лично; тие не можат да бидат регистрирани од трети страни.
2.5 Регистрациите се одобруваат од порталот „Империја Онлајн АД” и онлајн игрите, преку писмо испратено на имејлот, преку него на корисниците им е обезбеден линк за активирање. Во вакви случаи, „Империја Онлајн АД” го активира профилот на корисникот/играчот, ако и кога тој линк е кликнат. Кога еднаш „Империја Онлајн АД” активирала профил или примила корисник, таквиот корисник и „Империја Онлајн АД” влегуваат во кориснички договор за неограничен период од време под овие услови. Во некои случаи, процесот на регистрација може да се отклони од посочената процедура погоре, во таков случак следува корисникот да биде известен по соодветен начин.
2.6 При успешна регисрација, корисниците можат да ги создадат и независно да ги управуваат своите кориснички профили. Корисничките профили може да бидат креирани на страната на порталот на „Империја Онлајн АД” како и на секоја страна на која се покажува влезот на онлајн игра. Кориснички профил, создаден на портал кој е во сопственост на „Империја Онлајн АД”, може да се употребува за влез во една или неколку од онлајн игрите. Во спротивен случај, профилот може и да е невалиден за некоја од онлајн игрите.
2.7 Корисничките профили не може да бидат преместени без изразена согласност од „Империја Онлајн АД”.
2.8 Корисниците немаат право да бидат регистрирани и примени, тие можат да се регистрираат само еднаш во рунда (пр. Свет, Универзум, Ера, итн.) во игри за прелистувач (browser). Ако корисник веќе еднаш бил регистриран во рунда, за него/неа се затворени регистрациите во истата рунда за период за кој трае постоечката регистрација (пр. преку внесување друга или малку променета лична информација).
3. Поништување
Право на поништување
Имате право да го раскинете договорот во писмен вид (пр. пошта, имејл, факс) во рамките на две седмици. Не е потребно да бидат наведени причини. За да биде ефективно, потребно е само известувањето за поништување да биде навреме испратено и адресирано до support@imperialsupport.org
Ефекти на поништување
Во случајот на валидно известување за поништување, услугите и погодностите (пр. камата) кои се примени од која било страна, ќе бидат вратени. Во случај да не можете да ги вратите сите услуги кои сте ги прифатиле од нас, во состојбата во којашто биле обезбедени, може да должите соодветна компензација. Задолженијата за исплаќање на надомест мора да бидат измирени до 30 дена од датумот во кој Вашето известување за поништување било испратено или во нашиот случај, примено.
Специјални услови
Вашето право за поништување автоматски станува невалидно ако (1) „Империја Онлајн АД” веќе започнала да Ви обезбедува услуги со Вашата согласност или (2) Вие сте започнале да добивате слични услуги пред крајниот рок за поништување. Ова се подразбира дека е случајот кога сте учествувале во онлајн игрите или сте имале корист од други услови.
4. Задолженија на корисниците
4.1 Податоци на корисниците
Корисниците се задолжуваат да ја известуваат „Империја Онлајн АД” за сите идни промени на информацијата, претставена од нив како дел од процесот на регистрирање, вклучувајќи и промени на нивните имејл адреси. Корисниците се задолжени, при барање на „Империја Онлајн АД”, да потврдат дека претставената информација е точна.
4.2 Податоци за најава, ID, лозинки
4.2.1 Корисниците се задолжени да ја чуваат нивната информација за најава, ID-а и лозинки во строга тајна. Корисниците не треба податоците за најава да ги внесуваат на други веб-страни освен на тие управувани од „Империја Онлајн АД”.
4.2.2 Поимите “податоци за најава”,“ID-а” и “лозинки” се однесуваат на комбинација од букви и/или симболи и/или цифри, кои се употребуваат за автентичност на корисниците и за заштита од неовластен пристап од трета страна. Лозините не треба да се идентични со имињата на играчите и добро е да се комбинација од цифри и букви.
4.2.3 Корисниците се задолжени да ги чуваат податоците за најава, ID-ата и лозинките од употреба на неовластена трета страна.
4.2.4 Во случај кога корисниците имаат причина да веруваат дека трета страна добила или можеби добила такви податоци без овластување, тие веднаш треба да ја известат „Империја Онлајн АД” и да ги променат своите податоци или да побараат „Империја Онлајн АД” да го направи тоа. Во овој случај или во случај кога „Империја Онлајн АД” има причина да се сомнева во неовластена употреба на податоци, „Империја Онлајн АД” има право привремено да го блокира пристапот на такви корисници. Привилегиите за пристап ќе бидат обновени кога случајот ќе биде изјаснет.
4.2.5 При никакви околности, корисниците немаат право да ги користат податоците за најава на други корисници, освен ако во правилата на игра нема исклучоци.
4.3 Употреба на веб-страните и содржината на веб-страните на „Империја Онлајн АД”
4.3.1 Веб-страните на „Империја Онлајн АД” предлагаат најразлична по вид содржина којашто е под заштита на законот за авторски права, во полза на „Империја Онлајн АД”. Освен ако овие Услови за користење специфично не посочуваат друго, на корисниците им е забрането да ја обработуваат, копираат, распространуваат и објавуваат или да ја употребуваат за реклама содржината на веб-страниците на „Империја Онлајн АД”. Копирање на содржина е дозволено само поради технички причини и цели за пребарување. Континуирано копирање е дозволено само за лични цели. Информацијата за регистрираната марка и лого не треба да биде променета, прикриена или избришана.
4.3.2 „Содржина” се однесува на сите податоци, слики, текстови, графики, песни, мелодии, видеа, програми, програмски кодови и друга информација, претставена од „Империја Онлајн АД” на нејзините веб-страни, вклучувајќи, но не и ограничувајќи ги услугите за симнување.
4.3.3 Корисниците се обврзуваат да се воздржат од (1) преземање на било каква акција која би го загрозила или прекинала функционирањето на веб-страните на „Империја Онлајн АД” или на некоја од услугите, предлагани од компанијата и (2) пристапување до ограничени податоци без овластување. Понудената содржина може да биде гледана само по начин што е достапен и забавен за корисниците. Податоци или софтвер што се способни да влијаат на софтверот или хардверот на примачот, се забранети.
4.3.4 Употреба на веб-страните на „Империја Онлајн АД” за комерцијални цели, вклучувајќи, но не и ограничувајќи и реклама, мора да биде одобрена со претходна писмена согласност на „Империја Онлајн АД”.
4.3.5 Корисниците немаат право да објавуваат содржина од веб-страните на „Империја Онлајн АД”.
4.3.6 Не може да се пристапи на веб-страните на „Империја Онлајн АД”, ако се користат услуги кои ја кријат IP адресата на корисникот.
4.4 Линкови
Користење на адресите на веб-страните на „Империја Онлајн АД” како линкови е дозволено само ако тие служат како прегледи. „Империја Онлајн АД” го задржува правото да ја повлече нивната дозвола. Не е дозволено внесување или претставување на веб-страните и содржината на „Империја Онлајн АД” во рамка преку хипер-линк.
5. Специјални услови за користење онлајн игри
5.1. Освен ако правилата на играта не дозволуваат исклучоци, корисниците се ограничени на еден кориснички профил по рунда (напр. Свет, Универзум, итн). Употреба на повеќе кориснички профили не е дозволена и „Империја Онлајн АД” може во секое време да ги избрише или блокира повеќето кориснички профили кои се во сопственост на еден корисник.
5.2 На корисниците им е забрането манипулирање или спречување на онлајн игрите. Корисник не смее да користи мерки, механизми или софтвер коишто може да попречат на правилното функционирање на играта. Исто тама им се забранува употреба на средства кои ќе ги натоварат системите што ја поддржуваат играта. На корисниците им е забрането блокирање и изменување на содржината, генерирана од екипата на играта или по друг начин да пречат на функционирањето на играта.
5.3 На корисниците им се забранува да влегуваат во онлајн игрите (вклучително и во секоја поединечна веб-страна) со користење програми или друго, освен веб-прелистувач или обезбедена програма за клиенти. Ова особено важи за т.н. ботови и други инструменти, создадени за замена или промена на веб интерфејс. Исто така се забранети скрипти и целосно или делумно автоматизирани програми коишто им даваат предност во однос на другите играчи, вклучително и фукции за автоматско освежување како и интегрирани механизми во веб-прелистувач, каде што има автоматски акции.
5.4 Под никакви околности, на корисниците не им е дозволено да:
А) создаваат или употребуваат механизми за измама, модови и/или хакови или да користат софтвер од трети страни, коишто ги променуваат правилата на игра;
Б) да користат софтвер со цел „копање” информации или по друг начин да „фаќаат” или собираат информација, сврзана со онлајн игрите;
В) да купуваат или продаваат за „реални” пари или по некаков друг начин да разменуваат виртуални предмети кои се користат во онлајн игрите;
5.5 Забранета е употреба на алати за блокирање на реклами. Поради овој факт, нема разлика дали само делови од рекламите се отстранети или се отстранети цели реклами.
5.6 На корисниците им е дозволено да влезат само во почетната страница или на порталот на „Империја Онлајн АД”. Профилите на корисниците не смеат да бидат автоматски отворани, независно дали почетната страница е покажана или не.
5.7 Сите права врз виртуелните предмети во онлајн игрите се во сопственост на „Империја Онлајн АД” и на нивните партнери. Истото важи и за виртуелните предмети, создадени од корисниците, коешто на „Империја Онлајн АД” засекогаш, неограничено, насекаде во светот ѝ доделува ексклузивни права за користење на овие предмети, коешто вклучува обработка, дуплирање и распределување. Корисниците имаат второстепено право за употреба на овие предмети коешто е ограничено со условите на договорот.
6. Специјални услови за употреба на средствата за комуникација во веб-страните на „Империја Онлајн АД”
6.1 „Империја Онлајн АД” на своите корисници може да им осигури различни средства за комуникација (вклучително, но не и ограничено на дискусија на форуми, чатови, блогови, книги за гости итн. како и функции за коментари) за да би можеле играчите да објавуваат свои споствени содржини и придонеси на веб-страните на „Империја Онлајн АД”. На корисниците им е дозволено да ги користат овие средства како што сметаат дека е добро. „Империја Онлајн АД” само ја олеснува размената на информации преку технички средства.
6.2 Корисниците сами се одговорни за текстовите и содржината коишто ги објавуваат и се обврзуваат да ѝ надоместат и да ја пазат неповредена „Империја Онлајн АД” од и против тврдења на трети страни. И додека „Империја Онлајн АД” конкретно не прогласува сопственост врз текстовите објавени од коментарите на корисниците, корисниците автоматски ѝ даваат исклучителни права на компанијата да ги користи објавените од нив текстови.
6.3 На корисниците им е забранета употреба на било каков инструмент, вклучувајќи, но не и ограничувајќи ги начините за комуникација на веб-страните на „Империја Онлајн АД”, да објавуваат или распространуваат содржина којашто:
а) ги нарушува моралните и етички стандарди;
б) прекршува трговски марки на трети страни, патенти, индустриски и други регистрирани дизајни, аторски права, трговски тајни и други права на трети страни;
в) е непристојна, расистичка, исполнета со насилничка или порнографска содржина, како и се друго кое по некаков начин негативно би влијаело врз благосостојбата и карактерот на децата и младите;
г) е навредлива, вознемирувачка или клеветничка по природа;
д) содржи сврзани букви или механизми за економска полза;
ѓ) дава погрешна претстава дека е објавена и одобрена од „Империја Онлајн АД”;
е) се однесува на лични податоци од трета страна без изразено одобрување от таа страна; или
ж) е комерцијална по природа и/или служи за рекламни цели.
6.4 Линкови, компании или трговски производи е забрането да се споменуваат со рекламна цел.
6.5 Сите корисници коишто ги употребуваат средствата за комуникации, претставени од „Империја Онлајн АД”, се должни да се изразуваат по нормален начин и да се воздржуваат од подигрување и навреди кон други корисници.
6.6 Независно од другите нејзини права по овие Услови за користење, „Империја Онлајн АД” е овластена да го уредува или избрише секој дел од објавената содржина при прекршок на овие правила. „Империја Онлајн АД” има право секој корисник што ги прекршил овие правила, привремено или засекогаш да ги исклучи од употреба на онлајн игри, пристап до веб-страните на „Империја Онлајн АД” и други услуги. 7. Последици од нарушување на Условите за користење
7.1 „Империја Онлајн АД” не носи одговорност за штетите кои се нанесени на корисниците ако тие штети се резултат на нарушување на Условите за користење на корисници.
7.2 Независно од сите други легални и договорни права, „Империја Онлајн АД” како можност може да ги преземе следните стапки, во случај корисниците да се виновни за нарушување на законот кој е во примена, правата на трети страни, овие Услови за користење или која било специфична одредба во играта или правило:
a) да уредува или да избрише содржина;
б) официјално да ги предупредува корисниците;
в) да означува недолично однесување во онлајн игрите и да ги идентифицира одговорните корисници;
г) привремено или трајно да забранува пристап на корисници на која било игра или веб-страна од „Империја Онлајн АД”;
д) да отстранува корисници;
ѓ) делумно или наполно да ги заклучува профилите во една или неколку од веб-страните во случаи на кршење на правилата од Дел 6; или
е) да ги прекратува корисничките договори со непосреден ефект;
7.3 Корисниците кои биле отсранети или профилите им биле заклучени, не можат повторно да се регистрираат без претходно одобрување од „Империја Онлајн АД” и немаат право да бараат укинување на нивните казни.
8. Кориснички такси
8.1 Освен ако не е поинаку посочено, користењето на онлајн игри и други услуги е бесплатно.
8.2 Покрај тоа, корисниците може да купат одредени услуги и екстри, достапни како дел од онлајн игрите. Во таков случај, тие посебно ќе бидат известени - во врска со кои игри, видот на услуга, нивните функции, периодите на дејство, цената и методите за плаќање.
8.3 Малолетните коишто сакаат да купат вакви услуги, гарантираат дека средствата користени за купувањето на услугите им се осигурени за таква цел или им се оставени на сопствено располагање од нивните законски старатели.
8.4 Важечките мерки се должат и се плаќаат при затворање, уплатите обично се собираат од провајдерот на услугата којшто се занимава со процесот на плаќање. Уплатите може да бидат собирани неколку дена порано за да се осигури непрекинат пристап до услугата. Условите за користење, ако има такви, наметнати од такви провајдери на услуги, се применуваат заедно со овие Услови за користење.
8.5 Корисниците гарантираат дека секоја информација којашто ја осигуруваат како дел од процесот на плаќање (вклучува, но не ограничува до информација за банката, бројот на кредитна картичка итн.) е вистинска и точна.
8.6 Методите на плаќање варираат во зависност од онлајн играта, државата на корисникот како и од достапните средства и технологии.
8.7 „Империја Онлајн АД” и понатаму го задржува правото да ги променува таксите за внатрешните услуги во игрите (вклучително и виртуелните валути), коешто го опфаќа и правото да ги намалува или зголемува стапките за посебни услуги за игрите за идни купувања и услуги.
8.8 Правила за враќање/откажување на плаќање
8.8.1 За платежните методи Credit card, PayPal, Skrill и ePay може да се побара враќање на средствата во секое време, се додека виртуалната валута и виртуалните предмети остануваат недопрени во профилот. За таа цел, потребно е да испратите имејл до support_mk@imperialsupport.org со молба за обновување на средствата.
8.8.2 За сите преостанати методи не е возможно враќање на средствата.
9. Ограничување на одговорност
9.1 Во случај на прекршување на правата на трети страни од страна на корисниците, тие се директно одговорни пред тие трети страни и се обврзуваат да ѝ надоместат на „Империја Онлајн АД” за сите нанесени штети произлезени од непочитување на задолженијата, посочени во овие Услови за користење. Корисниците ја пазат „Империја Онлајн АД” неповредена од секакви тврдења против „Империја Онлајн АД” од други корисници и трети лица, базирани на нарушување на нивните права од корисничка содржина или Условите за користење и тие ќе ги сносат трошоците за правната одбрана на „Империја Онлајн АД”, вклучително и судски и адвокатски такси, во случај кога нарушувањето на приложениот закон им се припишува нив.
9.2 Независно од правната основа (нарушување на договорно задолжение или правонарушение), одговорноста на „Империја Онлајн АД” е предмет на следните услови:
9.2.1 Онолку колку што „Империја Онлајн АД” бесплатно ги обезбедува услугите, за коишто носи одговорност, „Империја Онлајн АД” е одговорна само за намерно несоодветно однесување и груба небрежност.
9.2.2 За услуги обезбедени спроти надоместок, „Империја Онлајн АД” носи неограничена одговорност за намерно несоодветно однесување и груба небрежност, во случаи на телесна повреда; во случај на мала небрежност, одговорноста на „Империја Онлајн АД” е ограничена до прекинување на материјалните договорни одговорности како и случаите на невозможност припишани на тоа. Нејзината одговорност за прекршување на такви материјални договорни одговорности е ограничена до очекуваните количества штети кои би требало да учествуваат во затворањето на основа на околностите за кои тогаш била известена. „Материјални договорни одговорности” во погоре наведената смисла, се однесува на одговорности кои се од основно значење за правилното спорведување на договорот и реализација на неговиот предмет и на кои оправдано може да се смета од страна на корисниците.
9.2.3 „Империја Онлајн АД” не носи никаква одговорност за прекини во мрежата коишто не ги предизвикала.
9.2.4 Предмет на минатите параграфи, одговорноста на „Империја Онлајн АД” за загубата на податоци е ограничена до случаи во коишто корисниците не би можеле да избегнат таква загуба преку употреба на соодветни мерки за заштита на податоците.
9.2.5 Горните ограничувања на одговорноста не се применуваат во случаи (1) во кои „Империја Онлајн АД” направила изразени гаранции, (2) на измама, (3) резултат на штети добиени од повреди по животот, телото или здравјето и (4) во коишто приложениот закон не налага поинаку.
10. Рок, бришење на кориснички профили
10.1 Ако не е поинаку договорено за онлајн игра или услуга, договорот за употреба на „Империја Онлајн АД” порталот, онлајн игри и други услуги е неограничен и започнува после дадена согласност од корисникот и дозволата на „Империја Онлајн АД”, со исклучок на случаите каде што рокот е претходно определен.
10.2 Дури и во отсуство на основана причина, секоја страна има право со моментален ефект да го прекрати договорот, под услов да не бил договорен одреден рок. Ако страните се договориле за одреден рок, договорот не може да биде прекратен пред неговијот крај. Освен ако или додека не биде прекратен, секој договор со определен рок, автоматски се подновува во продолжение еднакво на оригиналниот рок.
10.3 Секоја страна има право со моментален ефект да го прекрати договорот ако има основана причина. За основана причина се смета:
а) кога корисниците закаснат со плаќање на такси и не успеваат да платат и покрај потсетувањето;
б) кога корисниците се ангажираат во дејност којашто материјално го нарушува доживувањето на играта од други играчи;
в) кога корисниците мамат, користат модови и/или хакови или друг софтвер, алати или скрипти со цел промена на доживувањето на играта и/или механизмот на онлајн игрите;
г) кога со профилот се игра од трети стани;
д) кога корисниците искористуваат профили од трети страни или користат повеќе профили за еден свет за една онлајн игра;
ѓ) кога корисниците користат виртуелни предмети од онлајн игрите надвор од самите игри или се обидуваат да ги разменат, продадат или купат за вистински пари; или
ж) кога корисниците го нарушуваат приложениот закон, овие Услови за користење или специфичните правила на играта;
10.4 Известување за прекинување мора да биде дадена писмено, имејл е прифатлив начин за писмена комуникација.
10.5 Во присуство на основана причина (пример: продолжен период на неактивност), „Империја Онлајн АД” има право да го избрише корисничкиот профил. Како дополнување, „Империја Онлајн АД”, како опција, може да ги избрише корисничките профили после крајот на рокот.
11. Приватност
11.1 Личните податоци на корисниците не се собираат, обработуваат или користат, освен ако корисникот не даде согласност или приложениот закон не го дозволи.
11.2 За повеќе информација, видете %1$s на „Империја Онлајн АД”.
12. Приложен закон, правна надлежност
12.1 Се приложуваат законите на Република Бугарија исклучувајќи ја Конвенцијата на ОН за Договорот за Меѓународна Продажба на Стоки.
13. Измени и дополнувања на овие Услови за користење, разно, комуникација, прекинување
13.1 „Империја Онлајн АД” го задржува правото да ги променува овие Услови за користење по секое време. При најава, корисниците се известуваат за измени и дополнувања на Условите за користење на порталот на „Империја Онлајн АД” и секоја страна на онлајн игра, најмалку 2 седмици пред датата на стапување во сила на таквите измени и дополнувања. Алтернативно, „Империја Онлајн АД” може да ги извести корисниците преку имејл, или преку директно претставување на изменетите и дополнети услови или преку обезбедување линк кон веб-страна на „Империја Онлајн АД” каде што можат да бидат видени изменетите и дополнети услови. Преку најава во порталот на „Империја Онлајн АД” или секоја онлајн игра после влегувањето во сила на изменетите и дополнети Услови за користење, корисниците ја изразуваат нивната согласност со новите услови. „Империја Онлајн АД” одделно ќе ги посоветува корисниците за важноста за дво-седмичниот период, правото на поништување и законските последици за пасивност на соодветен начин.
13.2 Корисниците не можат да пренесуваат права и задолженија, произлезени од овој договор, без претходна писмена согласност од „Империја Онлајн АД”.
13.3 Корисниците можат да изјавуваат претензии само ако и само до степен кога тие се основани или признати од „Империја Онлајн АД” или во случај кога се неоспорни.
13.4 Освен ако овие Услови за користење не утврдат друго, „Империја Онлајн АД” контактира со корисниците преку имејл. Корисниците се должни да се уверат дека адресата на имејлот, употребен за регистрација, редовно се проверува за соопштенија од „Империја Онлајн АД”. Кога се сврзуваат со „Империја Онлајн АД”, корисниците треба да ја наведат онлајн играта/те и корисничките прифили на коишто напишаното се однесува .
13.5 Промените и прекинот на овие Услови за користење, вклучително и ова формално барање, треба да бидат писмено претставени.
13.6 Во случај определени делови од овие Услови за користење да отпаднат или да го прекршуваат приложениот закон, другите делови продолжуваат да дејствуваат со полна сила. Отпаднатите делови ќе бидат заменети со нови коишто максимално се приближуваат до економското значење и намена на отпаднатите, во рамките на законот. Истото се однесува и за пропусти во овие Услови.
Последно ажурирање: 11.05.2018
|